На Младен сите му се смееја како основец – Единствен запиша занает и сега има ЛАНЕЦ НА МЕСАРИ ВО ШВАЈЦАРИЈА

„За нашата генерација тогаш беше срамота да се запише некој на занает, особено месарски“, се присетува Младен.

Се сеќавам кога бепе како момче, шегобиец, кое секогаш седеше во последната клупа, затоа што наставниците не можеа да се изборат со неговите паметни досетки за таа возраст. Паметам во тоа време, со семејството во деведесетите, побегнаа од војната, но за тоа никогаш не зборуваше. Се сеќавам дека на листата на желби во средно школо му беше на прво место, позицијата „месар“. И додека идните гимназијалци, економисти и медицинари му се смееја, тој, исто така низ насмевка рече: „Само чекајте, ќе имам повеќе пари од сите вас“.

Можеби беше премногу искрен и со чиста душа, а на крајот од осмо одделение, наставничката по историја му рече: „Ти си Хитлер“. А кога му побара да го повлече изговореното, уценувајќи го со полагање на предметот во август (што би значело дека нема да може да се запише средно школо во првиот круг), само и одговори: „Јас зад својот збор стојам“.

Имаше тогаш 15 години. Но, не дозволуваше да биде поколебан од кого било.

Се разбира дека беше примен на месарската насока во првиот круг. Се чини дека никој од нас тогаш не ни занел дека постои таква насока. Иако во основно школо секогаш се борев со оцените, во средно процвета и беше најдобар во генерацијата.

„Можеби затоа што конечно го работев тоа што го сакам. Односно со оној со кој го сакам. Малку повеќе таа ми е подрага од месото. Точно е дека во основно школо бев главен дворски кловн и од мене веројатно се очекуваше да се запишам на таква насока, како нешто „ненормално“. Но, тоа „ненормално“, мене ми обезбеди добар живот, додека да запишам занает тогаш за 99% од нашата генерација беше понижување“, се присетува Младен.

Сега, како 29 годишен имав прилично обезбедена иднина. По завршувањето на средното школо, работел во една локална месара, и некое време таму го усовршувал занаетот, а потоа се оженил и се преселил во Швајцарија.

„Доаѓаат до мене приказните од Србија за прочуениот „одлив на мозоци“. Слушам како младите бараат подобри услови за живот со докторски дипломи, а никој не пишува за нашите занаети. И ние сме веројатно некој „одлив“, се прашува Младен.

Додека го водеше разговорот, вели дека се сеќава дека како момче размислувал како би можел да дојде до космичката правда и на родителите им го надокнади тоа без кое останале во војната. И не мисли притоа само на материјалната страна.

 

„Сакав повторно да имаме наша куќа, да не размислувам како и каде ќе ја дочекам староста. Да, не бев одличен ученик, но тоа не значи дека не сум доволно паметен и способен да создадам нешто.

Заедно создавав со сопругата. Се одлучивме да се преселиме во Луцерн затоа што таму таа го мина детството. По некое време, нејзиниот татко ми помогна фниансиски и ја отвори првата мала месара на Младен.

„Почнавме на мало, но работата отиде добро и затоа работим со најдобрите доставувачи и го продавам само најдоброто месо. Имаме и наша фарма.  Многу ми помогна и таткото на сопругата на почеток, но сега дојдов до тоа да сме рамноправни партнери. Тој не се разбира во месо и не се меша премногу, а идејата за осамостојување беше моја. Барем месарите не можат да упропастат, вегетаријанците не завладеаа до толку“, вели низ насмевка Младен.

После пет години во Луцерна има свој, како што вели, „скромен ланец“ од шест месари.

И успеа да направи куќа на родителите.

„Не сум јас милионер, да се разбереме. Но, живеам убаво. И не сакам да докажувам било што со клинците кои мене ми се смееја, важно ми е да сегашните основци сватат дека знаетот не е срамота. Секоја работа е чесна, ако чесно ја работите“, порачува Младен.

 

Scroll to Top