Во германскиот град Цвикау на осуммесечно бебе му се суди поради наследен долг од 13.000 евра. Бебето Мила наследила долг од нејзиниот дедо. Може да биде осудена и за непочитување на договорот за мобилен телефон и претплата за спортскиот канал Sky.
Целиот случај почнал во 2018 година, кога починал нејзиниот дедо Рони. Мајката на Мила Софи Рајнолд (19) била во шести месец од бременоста. Таа и нејзиното момче одбиле да ги платат долговите поради ниските примања, па на крајот Мила била таа која требало да се појави на судењето.