Од замрзнатите сметки на Гадафи мистериозно исчезнале 10 милијарди евра

By

Од средствата на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи, кои се замрзнати во Белгија, исчезнале 10 милијарди евра.

Во ноември 2013 година на сметките на фирмите на Гадафи во белгиските банки имало 16 милијарди евра, а во 2017 година, кога е одобрен пристапот, тие средства изнесувале пет милијарди евра.

„И понатаму постојат нешто помалку од пет милијарди евра на четири сметки, отворени на Euroclear Bank SA“, вели Дени Гоман, портпарол на белгиското обвинителство.

Преостанатите средства и понатаму се предмет на одземање, но досега банката наводно одбила да одобри пристап до сметките, поради што обвинителството се заканува со драстични мерки.

Белгиските судски органи наводно го забележале исчезнувањето во есента 2017 година, кога истражниот судија Мишел Клаи, кој бил задолжен за истрагата за наводното следење на парите од потесниот семеен круг на Гадафи, побарал одземање на замрзнатите средства на либиското семејство.

Тие средства се замрзнати од март 2011 година, во согласност со Резолуцијата на Обединетите нации 1973. Белгија никогаш не побарала одмрзнување на овие средства.

Според извештаите на новинарите, постојат многу индикации дека Белгија не ги почитувала правилата на Обединетите нации што се однесува на либиските средства. Пред 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи, Либија била земја со голем извоз на нафта. За да биде подобро контролирана, во 2006 година Владата ја создала Libian Investment Authoriti, компанија, која била задолжена да инвестира пари добиени од продажбата на нафта во странство.

Но, со интервенцијата на НАТО во 2011 година Обединетите нации вовеле санкции против имотите на либиската влада, и со тоа практично ѝ одземале 67 милијарди долари.

Во Европската Унија националните влади ги смрзнале само оригиналните првични суми, додека каматите и дивидентите настанати по 2011 година биле слободни.

Истрагата спроведена минатиот месец во Брисел покажува дека некој редовно земал камати во износ на 16 милијарди евра од средствата на Гадафи.

Сепак, додека се води правната битка околу натпреварувањето дали исплатата на каматите е дозволена или не, останува прашањето каде исчезнале 10 милијарди евра.

 

 

Ќе ви се допадне