Оливија Луа е петтата порноактерка којашто е пронајдена мртва во изминатите неколку месеци. Дваесет и тригодишната Луа, која работела под името Оливија Волтер, починала вчера на 23-годишна возраст.
Нејзината агенција LA Direct Models соопшти дека Луа починала додека била на рехабилитација од зависност од дрога.
Проблемите со дрога и алкохол, како и долгогодишната борба со ментални болести и справување со малтретирање се главните причини за самоубиство или случајното предозирање на актерките од порноиндустријата.
Оливија не снимала од минатата есен бидејќи имала приватни проблеми и последниве 3 месеци била на одвикнување од дрога и алкохол.