Познат датумот и местото на историската средба меѓу Трамп и Ким

Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг ун, ќе се сретнат на 12 јуни, пренесува Скај њуз.

Американскиот претседател Доналд Трамп, објавил на Твитер дека тој и неговиот колега Ким Џонг ун ќе се состанат во Сингапур.

„Толку очекуваниот состанок меѓу Ким Џонг ун и мене ќе се одржи во Сингапур на 12 јуни. И двајцата ќе се обидеме да го направиме тоа посебен момент се со цел да приредиме мир во светот!“, напишал Трамп на Твитер.

За состанокот на Трамп и Ким се говори веќе неколку месеци, откако американскиот претседател го прифати повикот за средба со севернокорејскиот лидер.

Ова ќе биде нивна прва средба пренесува Си-Ен-Ен.

Американските официјални лица, исто така размислуваат самитот да се одржи во дмилитаризирана зона или во Монголија, но сепак на крајот се одлучиле за Сингапур.

Двајцата лидери ќе се сретнат на 18 годишнината од влезот на НАТО силите на Косово и Метохија.

 

Scroll to Top