Во Австралија се пронајдени остатоци од џиновски диносаурус за кој се проценува дека бил висок 6,5 метри и долг 30 метри.
Научниците го нарекоа Купер, а пронајден е на југозападот на Квинсленд.
Иако е откриен уште во 2007 година, тек сега е научно категоризиран, пишува Си-ен-ен.
Истражувачите од Музејот на природна историја „Ероманга“ и на Музејот „Квинсленд“ вчера објавија нова студија во списанието PeerJ. Сметаат дека Купер (Australotitan cooperensis) шетал по Земјата пред повеќе од 90 милиони години. Станува збор за титаносаурус – огромен тревопасник кој припаѓа на семејството сауроподи, најголемиот вид диносауруси.
Поради изгледот и градбата потсеќа на познатиот брахиосаурус. Еве како се претпоставува дека изгледал: