Проститутки на солунскиот фронт и најозлогласениот кварт во градот

Пред стотина години, пред да сојузничките војски чекореле низ улиците во Солун, во градот имало околу 150.000 луѓе. Половината биле сефарски Евреи, а потоа Грци и Турци (со размената на жителите меѓу Грција и Турција, која се одиграла во 20 години од минатиот век). Солун поради неговата мултиетничност, го нарекувале Вавилонска кула.

Уште кога со отворањето на Солунскиот фронт, стигнале француските Зауви, широки панталони и црвени прсулци, Сенегалците со огромни фесови, Мароканците со чалми, Англичаните во каки-униформи и со лулиња, Индусите со турбаните, Шкотите во килтови, Србите во британски кафени и француските во сини униформи, затоа што нивните пропаднале, Руси, Австралијанци, Холанѓани, Италијани, Јапонци, да не зборуваме за домашните грчки војници во фустанели на нозете. Се е јасно. Тоа била шаролика „екипа“. Но, сепак екипа во која рбите, велат современиците, се истакнувале по својата висина и маса.

Каде се Србите, каде се Англичаните, каде е војската, тука се и кафаните. Кафаните, стотина, стоина од нив, биле дупки кои биле полни од вечер до раните утрински часови. Забележано е дека во еден момент, крадците до гола кожа ги соблекле двајца мрви пијани Анлгичани, а тие така голи се шетале низ улиците. Па тогаш имало и случај кога разбојниците украле шатор со се Англичанецот во него, кој бил толку „трезен“што ништо не ни приметил. За ова било пишувано во „Политички Забавник“, во текст базиран на магистарската работа на Јасмина Томашевиќ, „Првата светска војна и Грција во ичите на српската војска“, кој е одбранет на Аристетоловиот универзитет во Солун.

Во кафаните, покрај клиентите, имало и измамници, сводници, дилери на хашиш и опиум, проститутки, лекари, кои барале муштерии, за лекување од полови болести. Мајсторите за „најстариот занает“, ја следат цела војска, затоа што војна без проституција никако не иде. Има индиции дека „жените со лесен морал“, ја следеле српската војска дури од периодот на средниот век. Па зошто не и за време на „Првата светска војна“.

Така да, покрај кафаните, рестораните, кината, театрите и другите установи во Солун, отворени да ги разгалат срцата и душите на офицерите и војниците, за време на дводневно или тридневно отсуство од фронтот, имало и бордели. Безброј од нив.

Најозлогласениот кварт на целиот Балкан во текот на втората деценија од 20 век, бил солунскиот кварт Баре. Покрај вообичаените кафани, местото го краселе и невообичаен број на кулераи, зборуваме веројатно за десетина или стотина такви „естаблишменти“, во кои доаѓале грчки, еврејски, турски и многу други балкански бегалци.

Србинки? Можеби. Всушност, веројатно дека се нашла понекоја и Србинка, но историјата не ја забележала. Тоа е само претпоставка и ништо повеќе, бидејќи најголемиот број на Србинки во Солун биле тие со сопрузите. Мал број од нив преминале во Албанија.

Местата во овој кварт, биле валкани, смрдливи, мрачни, ако не се сметаат црвените фенери кои својата светлост ја простирале по калдрмата. Убиства, тепачки, ранувања, тоа било секојдневието на ова место. Како во дивиот запад, само на југоисток. „Блудници“, седеле на скалите пред своите „канцеларии“, и ги покажувале скриените делови на телото за да не привлечат војниците. Не морале премногу да се трудат. Иако ги имало доста, а конкуренцијата била силна, имале да одработат над десетина и стотина илјади потенцијални муштерии. Тука не важело правилото „мала бара, многу крокодили“. Барата можеби била мала, но имало храна за сите.

Всушност имало толку проститутки што штабот на француската источна армија морал да ги стави под свој надѕор, а поради ширењето на половите болести и да воведе задолжителни лекарски прегледи. Тоа сигурно немало некој посебен ефект. Заклучкот кој може да се извлече е дека фактот дека постоеле голем број на весници во кои имало еден куп огласи од доктори кои ги нуделе своите услуги, а надрилекарите своите чудотворни лекови, кои, еве, само треба да ги испиеш, и херпесот исчезнува, сифилисот исчезнува, се исчезнува.

Нема да верувате но се чини дека меѓеу Србите немало редовни посетители. Оделе, но не во толкав број, а причината била суеверието кое тогаш се појавило. Имено Србите верувале дека жените во војната значат несреќа и дека секое мешање со нив, а особено со проститутките, завршува со смрт во борба.

Scroll to Top