Прва работилница за трансплантација на коскена срцевина

Денеска во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, се одржа првиот воркшоп за трансплантација на коскена срцевина на Република Северна Македонија.

На церемонијата посебна тежина  даде почесниот гостин претседатлот на ЕВМТ (Европска Организација за Трансплатација на Коскена Срцевина) професор доктор Мохамед Мохти, кој ги поздрави иницијативните напори за воведување на  трансплатација на коскена срж во С.Р.М, при што посебно го нагласи трудот и работата на професор доктор Соња Генадиева- Ставриќ, чија долгогодишна активност во сведски и европски асоцијации за трансплатација на коскена срж, чии резултати беа високи цитирани трудови на професор доктор Соња Генадиева Ставриќ.

Scroll to Top