Синоќа ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово беше избран за најдобар во светот. Тој е прв меѓу 50-те најдобри ресторани во светот.
Долгоочекуваниот настанот, спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана, се одржа во Антверпен, Фландрија. Тој започна на 3 октомври, а заврши синоќа со големото финале и победата на Реџепи.
Персоналот на ресторанот се пофали за освоената победа на социјалните мрежи, како и на нивната официјална веб-страница.