Шеширот на Хитлер продаден на аукција за 500.000 долари

На аукција во близина на Минхен, аукциската куќа „Херман Хисторик“, на продажба беа понудени 842 предмети од добата на национализмот. Аукцијата била пропратена со голем број остри критики.

Покрај шеширот на аукција заврши и неговата книга Мajn kampf отпечатена со сребро, која била во сопственост на Херман Геинг. Исто така се продаде и мечот на злогласниот Фриц Клингенберг.

За шеширот на Хитлер биле понудени 50.000 евра, за фустанот на Ева Браун 4600 евра. Многумина од оние кои ја осудија ваквата аукција велат дека с продажбата на предметите на националистичките лидери се шири десничарска пропаганда. Аукцијата беше осудена и од страна на Европската еврејска организација.

„Разбирам дека не е илегално да се купуваат и продаваат нацистички спомени. Тоа не е прашање на закон, туку морал. Тоа е погрешно“, изјавил рабинот Менхем Марголин.

Директорот на аукциската куќа Бернхард Пахер се обидел да ги релативизира работите и нагласил дека најголмеите купци се музеи, државни збирки и приватни колекционери. Тој исто така се обидел да спречи предметите да стигнат до погрешни лица.

Штефан Клинген од Централниот институт за историска уметност од Минхен делумно ги негирал ваквите тврдења. Во разговор за „Дојче Веле“ тој вели дека музеите денес не се во состојба да ја платат цената која се бара за овие предмети. Клинген претпоставува дека купците се љубители на националсоцијалистичките спомени.

„Тоа е искуството кое го имаме со продажбата на овие предмети. Едноставно постои голем интерес за ваквите предмет во Америка, Англија и Русија“, вели Штефан.

Сепак тој додава дека тоа не е нужно поврзано со нацистичката идеологија, туку дека за многу заинтересирани важно е да поседуваат некој трофеј. И покрај се, тој додава дека сепак станува збор за зло.

Клинген и Филип Ленхард соработник на катедрата за еврејска историја и култура на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, се согласува дека понудените предмети се ретко интересни за архивите или научниците.

„Се работи за работи кои историски се целосно нерелевантни. Тоа што некој дава пари за шеширот на Хитлер, може да се објасни само со тоа што купецот го привлекуваат предмети со најголемите злосторства во човековата историја“, вели Ленхард.

Истовреремно тој се согласува со проценката на Клинген дека купците не мораат автоматски да бидат заговорници на националсоцијалистичкиот поглед на светот. Во Германија е дозволено поседување и продавање на објекти од нациситчко време, се додека на нив ги нема нацистичките симболи.

Матијас Кинцел, историчар и политиколог смета дека предметите понудени на аукција како што се облеката или шеширот, треба да бидат уништени, додека книгите би морале да најдат место во стручните библиотеки.

Како и во многу други пазари каде се продаваат работи од добата на национасоцијализмот, најголем проблем претставува фалсификата. Клинген смета дека таа фалсификаторска сцена е добро организирана и веројатно исто толку голема како и со трговијата со оригиналните предмети. Затоа аукциските куќи ги контролираат предметите пред продажбата, во границите на своите можности.

Како што покажала аукцијата во Минхен, луѓето се подготвени да платат многу пари за предмети кои ги сакаат. Ленхард предлага од заработката, парте да се подарат во добротворни цели, како на пример сузбивање на антисемитизмот во Германија.

 

 

 

Scroll to Top