По историската средба во Сингапур, американскиот претседател и севернокорејскиот лидер потпишаа декларација. Иако Трамп и Ким веднаш не ја објавија содржината на потпишаната декларација, таа подоцна била споделена со присутните новинари.
Како што пренесуваат светските медиуми, во декларацијата се наведуваат четири клучни точки.
- САД и Северна Кореја се посветени на воспоставување нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народите на двете држави за мир и просперитет.
- САД и Северна Кореја ќе работат заедно за да изградат траен и стабилен мир на Корејскиот Полуостров.
- Во согласност со декларацијата од Панмунџом, потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува да работи за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
- Соединетите Држави и Северна Кореја се обврзуваат на враќање на воените затвореници и оние што исчезнале во борбите, што вклучува и враќање на оние што веќе се идентификувани во своите земји.