Синот на Трамп во лов на гризли на Алјаска

Доналд Трамп Џуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, застрелал гризли на северозападниот дел на Алјаска, соопштија тамошните медиуми. Тој е еден од тројцата кои побарале дозвола за лов на ова силно и опасно животно.

Тамошните жители се жалат дека се ставени во нерамноправна положба. До Одделението за риба и дивеч на Алјаска секојдневно стигнуваат стотина дозволи за лов на ова животно, но само малкумина ја имаат привилегијата да заминат во лов. Тие велат дека Џуниор ја добил оваа привилегија благодарение на неговиот татко.

„Обично добиваме по илјадници пријави за лов на гризли, но се одобруваат максимум 27 дозволи. Чиста случајност е тоа што Џуниор беше еден од оние кои добија ваква дозвола. Досега се пријавени само тројца луѓе, меѓу кои и синот на претседателот“, изјавил Еди Грејсер, директорот на Одделението за риба и дивеч на Алјаска.

Трамп Џуниор ќе мора да плати 1160 долари за дозвола и данок, па ќе има право да убие гризли. Тој вели дека често оди на лов и објавува фотографии од своите експедиции на интернет.

Scroll to Top