Трамп ќе ја повлече Америка од НАТО

Поранешен советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Роџер Стоун, смета дека Трамп би можел да ги повлече САД од НАТО.

Стоун предвидува колапс на алијансата.

„Трамп на изборите се кандидираше како неинтервенционист и доследно се спротивстави на војните во Ирак, Авганистан и Сирија, а можно е во својот мандат да ги изнесе САД од НАТО затоа што советот повеќе нема легитимна цел. Имаше смисла во време на Втората светска војна“, изјавил Стоун.

Политичкиот консултант и долгогодишен пријател на Трамп за „Новости“ вели дека САД би можеле да ја напуштат и Советската трговска организација, но не и Обединетите нации.

Стоун се осврна на состанокот на Трамп и Путин во Хелсинки и изјавил дека се надева дека претседателите ќе разговараат за тоа како да излезат на крај со исламскиот тероризам.

„Мислам дека денес на светската сцена помала закана доаѓа од Русите, а поголема од Кинезите и дека во некои области имаме заеднички интерес со Русите. На пример, во областа против исламскиот тероризам“, изјавил Стоун.

 

 

Scroll to Top