Трамп му го направил животот пекол кога открил дека користи препарати за коса

Харолд Борнштејн, поранешен лекар на Доналд Трамп, тврди дека службениците на Белата куќа минатата година влегле во неговата ординација и ја однеле целата медицинска документација за претседателот на САД. Вели дека тоа се случило бидејќи на медиумите им открил дека со години на Доналд Трамп му препишувал препарати за раст на косата.

Борнштејн за ТВ-мрежата Ен-би-си ексклузивно изјавил дека лично Трамп во 2015 година, кога бил кандидат за претседател на САД, му го диктирал извештајот што лекарот го потпишал, а во кој се наведува дека неговото здравје и отпорноста на организмот се одлични.

„Можам без грам сомнеж да потврдам дека господин Трамп, ако биде избран, ќе биде најздравиот човек што некогаш ќе стане претседател“, напишал Борнштејн во извештајот, за кој, како што самиот тврди, бил напишан по диктат на Доналд Трамп.

Харолд тврди дека Кит Шилер, шефот на обезбедувањето на Трамп, и адвокатот Ален Гартген влегле во ординацијата во февруари 2017 година и ја однеле целата медицинска документација.

Поради тој настан, кој траел 25-30 минути, тој вели дека се чувствувал силувано, исплашено и тажно. Исто така, се пожалил дека не му бил покажан никаков налог.

Тој упад наводно се случил само два дена откако Борнштејн за „Њујорк тајмс“ изјавил дека на Трамп му препишал лек „пропеција“, кој се користи против губење на косата кај мажите. Исто така, изјавил дека на претседателот му препишувал лекови против црвенило и холестерол, а за возврат му било ветено дека ќе го заземе местото лекар во Белата куќа.

Еден ден подоцна го повикала долгогодишната асистентка на Трамп, Ронда Греф.

„Значи, сакаш да бидеш лекар во Белата куќа? Заборави, отпадна“, му рекла таа.

Докторот Борнштејн изјавил дека не смета дека ја прекршил лекарската етика со тоа што јавно открил дека Трамп користел лек за раст на косата.

По тој повод се огласила и Белата куќа, која соопштила дека поранешниот телохранител на претседателот Трамп не направил ништо необично кога ја зел здравствената документација на Трамп, нешто што Борнштејн го карактеризирал како упад.

Портпаролката Сара Сандерс го оправдала тој потег:

„Стандардна процедура за новиот претседател е медицинското одделение на Белата куќа да ја преземе медицинската документација на претседателот. Таа го оспорила тоа дека тој чин личел на упад.

Scroll to Top