Трамп најави 100 милиони дози вакцини против коронавирусот до крајот на годината

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцини против коронавирусот би можеле да бидат дистрибуирани во Соединетите Американски Држави до крајот на годината.

„Веднаш откако Агенцијата за лекови ќе ја одобри вакцината, ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу претходно“, изјавил Трамп на конференцијата за новинари, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, директорот на Центарот за контрола и превенција на болестите, Роберт Редфилд, изјавил дека вакцината против Ковид-19 би можела да се најде во широка употреба до средината на следната година или малку подоцна.
Scroll to Top