Трамп најави освојување на Марс и голем број војни во вселената

Претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека можеби еден ќе постои американската вселенска сила, која ќе се бори рамо со рамо со авијацијата, копнените трупи и другите типови на војска на САД, најавувајќи го заминувањето на луѓето на Марс како нешто што ќе се случи многу брзо и нешто што немало сигурно да се случи, доколку во 2016 година, на претседателските избори победела Хилари Клинтон.

Трамп во обраќањето на маринците и другите војници во воздухопловната база „Мирамар“, во Сан Диего, говорел за вложувањата на неговата администрација во истражувањата на вселената, велејќи дека вселената станува подрачје каде се можни многу војувања.

Се наведува дека Трамп изјавил дека идејата за вселенските сили започнала како спонтан коментар, но дека тој одлучил дека тоа е сјајна идеја.

„Многу скоро ќе одиме на Марс. Немаше да отидеме ако мојата противничка Хилари Клинтон победеше. Не би ни размислувале за тоа“, изјави американскиот претседател.

 

Scroll to Top