(Трет дел) Киселата зелка најдобра превентива за спречување карцином на желудник

Подготовка на киселата зелка

15 килограми зелка, 0,5 килограми сол, шест лаврови листа, лажичка бибер во зрно, парчиња дуња поради жолтата боја, вино или сок од јаболка.

Во пластично буре наредете исечена зелка, а потоа ставете сола и зачини. Продолжете така сè додека не ги потрошите сите состојки. Потоа ставете вода додека не ја прекриете зелката и херметички затворете ја. Прво држете ја на повисока температура сè додека не се скисели, а за тоа потребен и е еден месец. Потоа преместете ја на ладно место, во подрум, и чувајте ја на температура не поголема од пет степени.

Ако бурето не е полно до врв, наполнете најлонска вреќа со вода и ставете ја најгоре за да ја притиснете зелката.

Тридневна диета со зелка

Со оваа диета може да изгубите до три килограми во три дена и притоа да го детоксицирати организмот. Првиот ден изедете до 1,5 килограми и распоредете ги во оброците. Пијте многу вода со неколку капки лимон. Вториот ден за ужина изедете половина килограм зелка, неколку парчиња леб и неколку лажички свежо сирење. За ручекот повторете го истото, но во зелката додадете јаболки исечени на коцкички.

За вечера во зелката додајте два зготвени компира, пет грама масло, малку лук и ким (или некој друг зачин по желба) и сето тоа малку испечето го.

Ова се лековитите својства на киселета зелка:

  • Ја лечи кожата  оштетена со прекумерно изложување на УВ зраци, а покрај тоа и ја подмладува
  • Го ублажува стресот
  • Го подобрува расположението
  • Помага во создавањето црвени крвни зрнца затоа што е богата со витамин Б12
  • Помага при создавање црвени крвни зрнца затоа што е богата со витамин Б12
  • Помага при обновување на коската
  • Го засилува имунитетот
  • Благотворно дејствува на дигестивните органи, желудникот и цревата
  • Помага при излачување на штетните материи во организмот
  • Го намалува зголеменото ниво на холестерол

Линк од првиот дел

Линк од вториот дел

Scroll to Top