Циклон остави без струја речиси пола милион жители

Околу 44.000 домаќинства и претпријатија од Вирџинија до Масачусетс се без струја откако силна бура на крајот од минатата недела го погоди Источниот Брег на САД.

Меѓу загрозените, 123.000 потрошувачи останале без струја за време на невремето во државата Њујорк, 114.000 во Пенсилванија, а 72.000 во Њу Џерси.

Струја немаат ни околу 70.000 потрошувачи во јужна Нова Англија, пренесува АП.

Екипи на електродистрибуција работат без прекин за  повторно да воспостават снабдување со електрична енергија.

Американската агенција потсетува дека повеќе од две милиони семејства и претпријатија останале без електрична енергија.

Ново невреме, со уште посилни врнежи, се очекува во овој регион в среда.

Областа од Вирџинија до Масачусет изминатиот викенд била погодена од бура со силни ветрови, дожд и снег, при што биле откорнати дрва, а загинале девет лица, меѓу кои и две деца.

Заедницата во крајбрежните зони била на удар на многу високи бранови кои предизвикале поплави и оштетување на куќите во крајбрежјето.

Три дена по бурата, некои жители и понатаму не се сигурни дали можат да се вратат во своите домови, напоменува американската агенција.

 

 

 

Scroll to Top