Украдена графика на Пиксао, 5000 долари награда за каква било информација

Пабло Пикасо нацртал само 30 графики, и секоја од нив ја потпишал со зелен број во долниот десен агол, наведува агенцијата АП.Полицијата на Милвоки, најголемиот град во американската сојузна држава Висконсин, понудила награда од 5000 долари за информација која би довела до пронаоѓање на делото на Пабло Пикасо.

Во прашање е оригинална графика на Пикасо од 1949 година, која е украдена минатата година од галеријата во Милвоки. Нејзината вредност е проценета на 50.000 долари.

Пикасо нацртал само 30 графики, и секоја ја потпишал со зелена боја во долниот десен агол, наведува АП.

Scroll to Top