(Видео) Доналд Трамп со говорот ги насмеа сите во Обединетите нации

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на говорницата во Обединетите нации успеа да ги насмее сите присутни во салата, кои го следела неговиот говор.

Трамп изјави дека за помалку од две години направил многу повеќе од речиси сите администрации пред него во историјата.

„САД станаа посилни, побогати и побезбедни“, изјави американскиот претседател, на што наиде на смеа кај собраните официјални лица.

„Не ја очекував оваа реакција, но тоа е ок“, низ насмевка одговори Трамп.

 

Scroll to Top