(Видео) Доналд Трамп ќе бара да се тестираат на дрога пред дебатата со Џо Бајден

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе побара да се направи тест на дрога пред дебатата со Џо Бајден. Тој се сомнева во врска со здравјето на својот противкандидат од редовите на демократите.

Не изнесувајќи никакви докази за ваквото тврдење, Трамп во разговорот со „Вашингтон егземајнер“ изјавил дека го заинтригирало тоа што Бајден наеднаш се подобрил во настапите што ги имал на дебатите на предизборните собири на демократите, пишува Би-би-си.

Тој се зачудил поради успехот на Бајден во последната дебата со Берни Сандерсон во март.

„Го следев во дебатите со сите тие луѓе. Не знам како можеше да биде некомпетентен, а против Берни беше океј“, изјавил Трамп.

Сегашниот американски претседател во есента 2016 година исто така изјавил дека неговата тогашна противкандидатка од демократската партија, Хилари Клинтон, можеби зема некаква дрога.

Scroll to Top