Пет лица загинаа кога хеликоптер се урна недалеку од островот Рузвелт на Ист Ривер во Њујорк.
Во хеликоптерот, кој бил изнајмен за приватно снимање, имало шест лица.
@cnn @FoxNews just witnessed a helicopter crash into the East River .. hope everyone’s ok. Caught it all on tape! pic.twitter.com/saHOMTLR69
— JJ Magers (@JJmagers) March 11, 2018
Пилотот се катапултирал. Тој се наоѓа во болница, но не е потешко повреден.
Сведоците навеле дека забележале едно лице што се катапултирало од леталото и мавтало со рацете барајќи помош.
Now many boats and helicopters surrounded the area, and I hope whoever was on that object survived the crash and cold river. pic.twitter.com/nap0udtfBA
— Tuan-Lung Wang (@tuanlungwang) March 11, 2018
Даниел Нигро од њујоршката противпожарна служба изјавил дека хеликоптерот бил целосно уништен на дното во ледената река.
Helicopter down in east river pic.twitter.com/VRm1n9Hc7J
— Mary Beth Hogan (@mbhogan) March 11, 2018
Жена што живее во близина навела дека го забележала хеликоптерот за време на летот, но ништо не укажувало на проблеми.
„Изгледало речиси како да слетал на реката“, изјавила таа и додала дека сѐ се одиграло со неверојатна брзина и дека веќе следниот момент хеликоптерот бил под вода.
Ова не е прва несреќа во оваа област. Пред 7 години хеликоптерот исто така се урнал на Ист Ривер и тогаш загинал британски турист, а тројца биле повредени.
FDNY members are on scene with @nypdnews for a confirmed helicopter in the East River, 8611 E 91 St. Manhattan pic.twitter.com/zojrGp2Ay0
— FDNY (@FDNY) March 11, 2018
Слична несреќа се случила и во 2009 година кога мал приватен авион се урнал во реката Хадсон усмртувајќи девет лица.