(Видео) Деца со „калашников“ упаднале кај Доналд Трамп

Полицијата на Флорида соопштила во јавноста дека три момчиња, вооружени со „калашников“, упаднале во одморалиштето на американскиот претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго.

Момчињата биле веднаш уапсени, а кај нив биле најдени пушки од типот „АК-47“. Портпаролот на полицијата на Палм Бич, Мајкл Огородник, изјавил дека тројцата петнаесетгодишни тинејџери скокнале преку ѕидот во одморалиштето Мар-а-Лаго .

Тројцата бегале од полицијата. Претходно еден од полицајците се обидел да им се доближи додека тие биле во нивниот автомобил, паркирани неколку километри северно од летувалиштето на Доналд Трамп. Тие се обиделе да им избегаат на полицајците.

Застанале во близина на одморалиштето и оттука трчајќи го прескокнале ѕидот.

„Не се обиделе да влезат во ниту една зграда, само го прескокнале ѕидот и се обиделе да се скријат“, изјавил портпаролот.

Претседателот не бил во одморалиштето во моментите кога се случил инцидентот. Тинејџерите кои засега не се идентификувани се во затвор за малолетници, а обвинителите ќе одлучуваат дали треба да им се суди како на возрасни лица.

Тинејџерите негираат дека се сопственици на оружјето што било најдено кај нив. Тие се бранеле дека го нашле. Одморалиштето на Трамп послужило како тврдина за неколкумина крадци што упаднале таму за време на неговото водење на земјата.

Во јануари две жени биле уапсени кога полицијата отворила оган на нив поради пробивање два безбедносни пункта во близина за време на бркотницата со автомобили. Трамп не бил поврзан со случајот.

Една жена од Кина во февруари била осудена на шест месеци затвор поради давање отпор за време на апсењето, кое се случило минатата година. Таа влегла на имотот на Трамп без дозвола.

Тоа се случило неколку месеци подоцна откако друга жена од Кина била прогласена за виновна затоа што ги лажела службените лица дека има дозвола да влезе во летувалиштето.

Scroll to Top