Пејачка Сања Димова од Струмица деновиве ја промовираше својата прва авторска песна „Знам да кажам не“. Покрај неа, автори на песната се и Димитар Симонов и Зоки Зоц, а аранжманот е на Дејан Стојановиќ. Режисер на спотот е Алек Тасевски.
„Задоволна сум од тоа како го сработивме спотот. Песната е со модерен ритам, па се надевам дека брзо ќе ја освојам публиката“, вели Сања.