(ВИДЕО) Сестри спасуваат бебиња при силен земјотрес во Јапонија

Во текот на неодамнешниот земјотрес во Јапонија безбедносната камера во едно породилиште забележа неверојатна ситуација.Кога почна земјотресот, количката на кои беа сместени бебињата почна да се поместува во собата, а постоеше голема опасност таа да се преврти заедно со нив.Поради тоа, дежурните медицински сестри што биле на работното место веднаш реагирале и со сите сили се обиделе да задржат што е можно поголем број колички со бебиња за ниедно од нив да не биде повредено.

За среќа, ниедно бебе во земјотресот не беше повредено и сѐ заврши како што треба.

Scroll to Top