(Видео) Тенк на сириската војска уништува замка – автомобил бомба на терористите

Првиот канал на руската државна телевизија емитуваше репортажа од борбите во источна Гута, предградието на Дамаск. Објавена е снимка во моментите кога тенк на сириската војска гранатира автомобил на терористите.

Станува збор за возило наполнето со експлозив, какво што разни терористички и бунтовнички групи користат за крвавите напади во градските средини со цел да изгинат што е можно поголем број цивили.

Во овој случај терористите пред сириската армија се повлекле од своите положби, но го оставиле автомобилот бомба за војниците да го нагазат. Но, седум години по крвавата војна со џихадистите терористи, бунтовниците и слични на нив, Сиријците се научија да внимаваат.

Scroll to Top