Ако некогаш сте се прашале како персоналот на аеродром, се однесува кон вашиот багаж, додека го внесува во авионот или го изнесува истиот, оваа снимка е најдобар одговор на тоа прашање.
Видеото е направено на аеродромот на Флорида и на него јасно се гледа како персоналот го фрла багажот, не грижејќи се притоа дека нешто ќе скрши. Два часа по објавувањето на снимката мажите се отпуштени.
„Безбедноста, сигурноста, и одличната услуга на нашите муштерии е нашата мисија на Меѓународниот аеродром Орландо, а овој инцидент не е пример на ниво кое се трудиме да го одржиме. Вработените добија отказ“, пишуваше во соопштението на управата на аеродромот.
Погледнете на снимката како тоа изгледаше: