Американка од Тексас ѝ се заканува 20 години затвоска казна за лижење на сладолед во супермаркет. Полицијата ја идентификувала жената од видеото кое станало вирално на социјалните мрежи пред неколку дена.
На видеото се забележува како жената зема сладолед од кутијата од замрзнувачот во супермаркетот, го лиже, а потоа го затвора и го враќа назад во замрзнувачот.
Поради ваквата постапка на девојката и се закануваат 20 години затвор и парична казна од 10.000 долари, пишува „Дејли Мејл“. Производителот на сладоледот од снимката, ја контактирал полицијата и ја кажал локацијата на продавницата каде се случил инцидентот. Против жената е покрената истрага.
Woman seen licking Blue Bell ice cream at a Walmart in Texas faces second-degree felony charge. The charge comes with a 2 to 20 Years in prison & $10,000 in fines.
All Products of the food tampering” have been pulled from store shelves. #FridayThoughts pic.twitter.com/MEpkU6yQc0— ~Marietta (@MariettaDaviz) July 5, 2019
„Им благодариме на сите купци што не предупредија на ваквиот инцидент. Го свативме многу сериозно и во моментов соработуваме со властите и добавувачите и социјалните мрежи. Вакви работи нема да се толерираат. Безбедноста на храната е нашиот главен приоритет и се трудиме нашите купци да го имаат највисокот ниво на безбедност“, велат од компанијата која го произведува сладоледот.
Исто така полицијата ги предупреди сите граѓани да ги гледаат капаците на кутиите за сладолед, пред да ги купат. Проблемот не е само во гнасниот потег на оваа девојка, туки дека на овој начин таа започнала тренд меѓу младите корисници на социјалните мрежи.
you bitches with no oral hygiene could take a hint pic.twitter.com/IaMOC1caid
— Bameron Nicole Smith (@bameronkaii) July 3, 2019
На „Твитер“ можат да се пронајдат разни снимки од млади деца кои на идентичен начин го земаат сладоледот од фрижидерот, го лижат, а потоа го враќаат назад.
За жал не станува збор само за сладолед. Една од сцените за кои полициските служби пишуваат во своите извештаи е и водата за миење на уста.
I love ice cream pic.twitter.com/CWA1aNBmJU
— LARZ (@GAYSHAWNMENDES) July 3, 2019