(Видео) Жена им го пресече јажето на молерите на 26 кат на нејзината зграда затоа што не ѝ се најавиле дека ќе работат

By

Станарка во една висококатинци во Тајланд им го пресекла јажето на молерите кои работеле на зградата. Таа била гневна затоа што не ѝ јавиле дека ќе работат и ги оставила да висат на 26 кат. За среќа, брачен пар успеал да ги спаси, соопштија од полицијата.

Од таму велат дека жената сега се соочува со обид за убиство и уништување на имот. Во соопштението не е наведен мотивот, но медиумите пренесуваат дека таа била фрустрирана кога работниците почнале да работат пред нејзината соба.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледаат двајца молери како ги молат станарите на 26 кат да го отворат прозорецот и да ги пуштат внатре.

 

Управата на зградата ги упатила молерите да го пријават инцидентот во полиција. 34-годишната жена прво негирала дека го пресекла јажето, но, по направената ДНК-анализа на јажето и набавените снимки од камерите, таа го признала делото.

Сега е привремено пуштена на слобода, а полицијата ќе поднесе кривична пријава до судот во рок од 15 дена. Жената сега се соочува со затворска казна до 20 години.

Ќе ви се допадне