За денешната божикна трпеза пригответе мисирка со путер и зачини.
Во сад ставете ги сите зачини, додадете го путерот, измешајте да се спојат и премачкајте ја мисирката. Внатрешниот дел убаво посолете го и ставете бибер. Нозете прекрстете ги и врзете убаво со готварски конец, а крилцата наместете ги под мисирката.
Садот за печење премачкајте го, кромидот исечете го на резанки, наредете го на дното и врз него ставете ја мисирката. Попрскајте ја со зејтин и ставете вода.
Печете ја во загреана рерна на 180 С покриена со капак или фолија. На 30-40 минути прелевајте ја со течноста што ја испушта. Последните 10-ина минути тргнете го капакот или фолијата да зарумени.
Дополнително како прилог послужете печен компир. По желба може додека се пече мисирката, да ставите и зеленчук, па потоа да направите и сос.