Американски палачинки

Потребни состојки:

130 г просеано брашно
2 лажички прашок за печиво
прстофат сол
2 лажици бел шеќер
180 мл + 2 лажици млеко
1 големо јајце
2 лажици путер
1 лажиче екстракт од ванила
сончогледово масло

Начин на подготовка:

Во еден сад помешајте брашно, сол, шеќер и прашок за печиво. Во друг сад изматете јајца со млеко, екстракт од ванила и стопен путер. Пред путерот да се олади, сипете ги влажните состојки во смесата со брашно и добро промешајте. Оставете го тестото да отстои десетина минути. Загрејте малку масло во тавче, па формирајте палачинки од три до четири лажици смеса. Превртувајте ги палачинките кога ќе добијат златна боја и на површината ќе се создадат мали меурчиња. Печете ги уште една минута од другата страна, проверете ја бојата па извадете ја.

Палачинките послужете ги со мед или овошје.

Scroll to Top