Потребни состојки:
5 јајца
180 грама шеќер
малку ванила во прав, екстракт или ванилин шеќер
125 милилитри масло
300 грама брашно
1 пакување прашок за печиво
100 грама мелени ореви или лешници
1 полна лажица какао
За кремот
400 грама посно сирење (може да користите и свежо сирење и 3-4 лажици млеко)
2 јајца
120 грама шеќер во прав
1 пакување пудинг од ванила или 40 грама густин
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете кремава смеса. Постепено додавајте ги маслото и млекото. Измешајте брашно, прашок за печиво и какао и ставете ги во смесата од јајца и шеќер. Измешајте ги рачно, со маталка. На крај, додајте и ореви. Ставете го тестото во плех обложен со хартија за печење. Изматете ги сите состојки и ставете ги во шприц за десерти. Направете мало дупче (околу 1 сантиметар), бидејќи смесата е прилично течна, па полесно ќе ја нанесувате со кесичка со помал отвор. Направете дијагонални линии на непеченото тесто. Печете го колачот на 175 степени во загреана рерна околу 30 минути. По желба, наросете го готовиот и изладен колач со шеќер во прав.