Брза компир-салата

Состојки:

20 мали црвени млади компири

200 г сечкан кромид

400 г мајонез

100 мл кисела павлака

50 г шеќер

50 г оцет

2 лажички сенф

1 лажичка сол

1 лажичка семе од целер

Подготовка:

Ставете голем лонец со вода на рингла да зоврие. Ставете ги во водата младите компири и намалете ја температурата. Варете 20 минути. Не ги лупете туку само исечкајте ги на коцки. Додадете го кромидот и останатите состојки и измешајте убаво. Оставете ја салатата да се лади час до два. Сервирајте и уживајте

Scroll to Top