Брза пита од тиквички и сирење

Потребни состојки

3 јајца
200 г изварка или кравјо сирење
120 г биено сирење
80 г брашно
1/2 лажиче сода бикарбона
2 лажици маслиново масло
1 чешне лук
малку црн бибер (сол ако има потреба)
неколку сечкани ливчиња босилек или магдонос
600 г тиквички

Начин на подготовка:

Тиквичките се мијат убаво и се сечат на тенки ленти со дебелина од 1 мм. Посолете ги и оставете ги така 1 час да ја ослободат течноста. Стиснете ги малку и истурете го вишокот течност. Потоа во подлабок сад изматете ги јајцата, па додајте ги изварката и ренданото биено сирење, продолжете со матење и додадете ги зачините, лукот, маслото, содата, босилекот или магдоносот и брашното, измешајте убаво, па додадете ги тиквичките. Измешајте пак и смесата истурете ја во мало тркалезно тавче. Израмнете одозгора и ставете да се пече на 200 степени околу 40 минути. Послужете кога ќе се излади.

Scroll to Top