4 јајца
100 мл млеко
100 мл масло
1 лажичка сол
200 гр исечкан спанаќ
200 гр бело сирење (издробено)
300 гр брашно
2 пецива
по потреба за посипување сусам, чија семе, ленено семе
1. Вклучете ја рерната да се загрева и почнете со подготовка.
2. Со жица се матат јајцата, се додава маслото и млекото, потоа солта и пак се меша.
3. Претходно треба да ни е подготвен спанаќот, измиен и исечкан, сирењето издробено и сето се меша со лажица.
4. Во просеаното брашно се додава и пецивото и сето заедно се додава во претходново и се меша додека се изедначи смесата.
5. Смесата се става во тавче бр.26, се посипува одозгора со сусам и семиња, се пече на 200 степени 30 до 40 минути.
Забелешка
Можете да користите замрзнат свеж спанаќ. Тавчето нека биде подмачкано само малку со масло, а ако немате, користете хартија за печење, или помастете и набрашнете го вашето тавче.