Брзи мафини , одлични за доручек или вечера.
Состојки:
1 лажица маслиново масло
170 гр шампињони, исечкани на листови
6 јајца
1/4 шолја млеко
1/4 лажичка сол + по вкус за печурките
200 гр рендан кашкавал
200 гр спанаќ, зготвен и исцеден
Начин на подготовка:
Во поголема тава загрејте го маслиновото масло на средна температура и додајте печурки, посолете и пржете десетина минути.
Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот за мафини намастете го или во него ставете хартиени корпички.
Во голем сад разматете јајца, потоа додајте млеко, сол и кашкавал, па добро измешајте. Во смесата со јајца додајте и спанаќ и печурки.
Подготвената смеса ставете ја во плех за мафини, наполнете ги калапите до 3/4.
Печете во загреана рерна околу 25 минути. Почекајте околку половина час да се изладат, па извадете ги од калапите.