Состојки:
3 јајца
400гр брашно
500гр ситно сирење
1 пециво
2 лажичиња сол
масло за пржење
Подготовка:
Измешајте го брашното со пецивото. Во садот со брашно ставете ги јајцата, сирењето и солта. Месете го тестото додека сите состојки не се соединат. Извадете го тестото на побрашнета површина, па исечете правоаголници со дебелина околу 0,5см.
Пирошките пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни. Не е потребно да отстојат пред пржењето ниту е потребно да се цедат од вишокот масло.