Чоколаден колач со мед и јаболка

Потребни состојки:

2 јајца
5 лажици мед
1 филџан мелени ореви
1 филџан гриз
2 лажици брашно
2 рендани излупени јаболка
1 филџан млеко
1/2 филџан масло
1 лажица цимет
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво

За глазура:
1 филџан вода
1 неполн филџан шеќер
50 г какао
1 неполн филџан млеко
1 лажица масло

Начин на подготовка:

Се матат јајцата и се додаваат сите останати состојки. Смесата се меша и се истура во намрсено тавче и се пече половина час на 180 степени. Додека се пече колачот, направете ја глазурата. Нека зовријат водата, какаото и шеќерот, а на крајот додадете млеко и масло. Нека варат 10-15 минути дур не се згусне малку. Откако ќе се испече колачот, исечете го на коцки и потурете ја глазурата. Таа ќе навлезе меѓу сеченото и ќе се впие во колачот. Послужете го откако ќе остине. Декорирајте со шлаг, со вишна или по желба.

Scroll to Top