Потребни состојки:
8 јајца
450 гр. шеќер
280 гр. чоколадо
250 гр. маргарин
1 пакување обланди
малку печени мелени лешници
Начин на подготовка:
Се матат убаво јајцата со шеќер, па се растопуваат на пареа. Кога ќе се згусне кремот се става чоколадото. Се меша да се стопи целосно. Кога ќе се олади се меша со маргаринот, па се филуваат обланди и се ставаат малку лешници. Обландите се филуваат. Колачите се оставаат да отстојат преку ноќ, за да се стврднат.