Чоколадни топчиња во крем

Потребни состојки:

За топките:

100 гр бланширани кикиритки
100 гр ореви (или лешници)
50 гр мед
1лажица какао во прав
4 испасирани урми (свежи)
2 лажици кокосово масло

За чоколаден крем:

100 гр црно чоколадо
50 гр путер
две јајца
половина лажичка екстракт од ванила
прстофат морска сол
една лажичка цимет

Начин на подготовка:

Во машината, смелете ги кикиритките и лешниците. Можете да користите и други јаткасти плодови. Додадете мед, какао, масло и добро изблендирајте. Смесата мора да биде како тесто, густа и лесна за обликување. Од добиената мешавина направете топчиња, па можете да ги декорирате со бисквити или украси од марципан.

Во сад на пареа стопете го путерот и чоколадото и додајте трошка сол. Додека се топи, одвојте ги жолчките и белките. Белките посолете ги и изматете ги во шлаг. Во растопеното чоколадо со путер додајте ја жолчката и мешајте додека смесата не стане мазна. Потоа додајте го шлагот и полека мешајте на пареа за да добиете густа смеса. На крајот додајте ја аромата од ванила. Во чаша ставете од кремот, па додајте од топчињата. Послужете ги наросени со цимет.

Scroll to Top