Потребни состојки:
400 г чоколадо за готвење,
215 г путер,
100 г жолт шеќер,
200 г брашно тип 400,
3 дл неутрална павлака,
7 јајца,
200 г печени бадеми
Начин на подготовка:
Чоколадото, путерот и жолтиот шеќер се топат на пареа. Добро се матат со жица или со миксер, а потоа се остава смесата да се излади. Во друго тенџере, исто така на пареа, се варат неутралната павлака, јајцата, брашното и печените бадеми кои сте ги сомлеле. Добро се мати и се остава во фрижидер. Кога двете смеси ќе се изладат, се соединуваат во една смеса и малку се промешува (3-4 мин.). Повторно се враќа во фрижидер, а потоа се истура во калапи или во керамички садови за суфле. Печете 7-8 минути на 190 степени. Тоа е сосема доволно да се создаде фина кора, а средината да остане мека. Ако се пече подолго, суфлето се претвора во мафин. Суфлето се сервира со топка сладолед од ванила.