Домашен протеински леб

Потребни состојки:

300 гр безмасно сирење
100 гр мелени бадеми
100 гр ленено семе
125 гр овесни снегулки
1 лажичка сол
6 гр прашок за пециво (половина кесичка)
8 белки
2 лажички сусам
2 лажички семки од тиква (по желба)
2 лажички семки од сончоглед (по желба)

Начин на подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: мелени бадеми, ленено семе, овесни снегулки, сусам, сол, прашок за пециво и семките. Додадете ги изматените белки и посното сирење, па добро промешајте. Калапот за леб обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата. Израмнете со лажица, па ставете да се пече околу 50-60 минути во претходно загреана рерна на 180°C. Кога лебот е испечен, ставете го на решетка за ладење и оставете да се олади, па потоа сечете го.

Scroll to Top