Гумените бонбони можете да ги направите од овошје и природен желатин, без додаток од хемикалии.
Потребни состојки:
250 гр јагоди (смрзнати или свежи)
2 лажици мед
Едно пакување желатин агар агар
Начин на подготовка:
Загрејте ги јагодите. Кога ќе омекнат, со рачен блендер измиксирајте ги, па додадете го избраниот засладувач и пакувањето агар агар. Смесата вратете ја на тивок оган и постојано мешајте. Кога ќе забележите дека се згуснува, ставајте од смесата во калап мечиња (или форма по ваш избор). Ставете го калапот околу 30 минути во замрзнувач или час и половина во фрижидер. Наместо јагоди можете да користите и мешано шумско овошје, во зависност од тоа каков вкус сакате да добиете.