Домашни крофни

Потребни состојки:

750 гр брашно
100 мл масло
4 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
500 мл млеко
40 гр свеж квасец
Малку сол
Шеќер во прав
1 ванилин шеќер
Масло за пржење

Начин на подготовка:

Квасецот растопете го во 100 мл топло млеко со малку шеќер и малку брашно и оставете да надојде. Додека расте, изматете ги јајцата со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол, додадете го надојдениот квасец, па полека додавајте брашно и масло со постојано мешање со дрвена лажица. Оставете го тестото на топло и двојно да надојде, па премесете го. Развлечете го во кора со дебелина еден сантиметар и со чаша или со модла вадете ги крофните. Оставете ги да надојдат уште половина час, а потоа пржете ги во врело масло. Горната страна (надојдената) ставајте ја во маслото. Кога ќе се испржат, наросете ги со шеќер во прав во кој сте го додале ванилиниот шеќер. По желба, со шприц наполнете ги со џем или сладок крем.

Scroll to Top