Домашни Рафаело бомбици

Потребни состојки:

½ литар млеко
15 лажици шеќер
10 лажици густин
250 грама маргарин
250 грама кокос
Две пакетчиња ванилин шеќер
200 грама лешници
150 грама кокосово брашно

Начин на подготовка:

Во сад најпрво измешајте ги густинот и шеќерот за да добиете смеса слична како за подготовка на пудинг. Во тенџере на оган ставете го млекото и кога ќе зоврие, тргнете го од ринглата. Потоа смесата од густинот и шеќерот помешајте ја со приготвеното млеко, приготвувајќи густ крем. Оставете да се олади, па во неа ставете го изматениот путер. Добро измешајте и додадете го и кокосовото брашно. Обликувајте топчиња и во средината на секое од нив ставете по еден лешник. На крајот бомбиците извалкајте ги во кокос.

Scroll to Top