Потребно:
2 парчиња темно чоколадо за готвење
¼ чаша полномасен крем
2 лажици масло
½ чаша мелени чоколадни бисквити
2 лажици темен рум
½ чаша чоколадни или какао стапчиња
Подготовка:
Во тенџере на водена пареа измешајте ги маслото и павлаката. Нека се варат на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе се стопат додадете меленочоколадо. Промешајте додека смесата стане целосно хомогена. Додаде ги трошките од бисквитите и румот.
Замесете ја смесата како тесто, за да се добие леплива маса. Оформете топки со раце. Тркалајте ги убаво во чоколадниот или какао прав – што сте одбрале. Изладете на 30 минути во фрижидер и сервирајте.