Домашно песто

Потребни состојки:

2 чаши листови од босилок
2 чешниња лук
1/4 чаша пињоли (може да ги замените со бадеми или ореви)
2/3 чаша маслиново масло
1/2 чаша рендан пармезан
сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Листовите од босилок, лукот и пињолите ставете ги во блендер и блендајте додека да добиете рапава смеса. Додајте 1/2 чаша маслиново масло и повторно изблендајте, да добиете мазна смеса. Зачинете со сол и бибер по вкус. Додајте го и остатокот од маслото, изблендајте, па ставете ги ренданиот пармезан и измешајте.

Scroll to Top