Брзи и вкусни ќофтиња
Потребни состојки:
10 пиперки
2 јајца
2 лажици брашно
50 мл пиво
50 гр презла
100 мл масло
сол
црн пипер
магдонос
Начин на подготовка:
Измиените пиперки испечете ги, изладете ги, излупете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Разматете едно јајце и измешајте го со лажица брашно, презла и сечкани пиперки. Додајте сол и врн пипер, добро измешајте, па од смесата направете ќофтиња. Разматете јајце, додајте брашно и пиво, па сè добро измешајте. Ќофтињата извалкајте ги во смесата од пиво и пржете ги на врело масло додека не поруменат.