Ќофте во бел сос

Потребни состојки:

500 гр мелено месо
2 јајца
1 главица кромид
сол и бибер
лута пиперка
лук во прав
2 парчиња леб
2 лажици презла
свеж магдонос

За сосот

1 главица кромид
2 лажици брашно
200 мл говедски бујон
2 лажици кисела павлака
200 мл павлака за готвење

Начин на подготовка:

Сите состојки за ќофтето соединете ги првин со лажица, а потоа и со рака. Зачинете по вкус. Оформете ќофтиња и наредете ги во чинија премачкана со масло. Пржете ги во загреано масло. Подгответе го сосот во истата тава во која ќе ги пржите ќофтињата. Додајте го кромидот, пропржете го па додајте брашно. Промешајте па додајте го бујонот. По неколку минути, додајте ги и киселата павлака и павлаката за готвење. Вратете ги испржените ќофтиња во тава и оставете ги заедно со сосот 10-ина минути.

Scroll to Top