Kолач со јаболка и бисквити

Потребно е:

600 гр бисквити

1 кг јаболка

2 пудинга од ванила

600 мл млеко

250 гр шеќер

250 мл слатка павлака

Подготова:

Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Прелијте со 300 мл млеко и шеќер, ставете да се готват десетина минути. Во останатото млеко разматете пудинг па згответе го кога јаболката ќе се зготват.

На тепсија со димензии 20х30 наредете ред бисквити, па ред врел фил, бисквити, фил, бисквити, фил, бисквити. Разматете слатка павлака и завршете го колачот. Оставете во фрижидер да се излади, најдобро до наредниот ден за бисквитите да омекнат.

Scroll to Top